Внимавајте, магла на дел од патиштата низ Македонија

Поради појава на магла, видливоста на патниот правец Тетово -Попова Шапка е намалена на 50 до 100 метри, а на планинскиот премин Ѓавато од 100 до 150 метри информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста  појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.    

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата.

 

 

 

09.03.2017 - 08:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега