Опасни по здравјето- Канцерогени намирници

Ја знаете ли разликата помеѓу намирниците со мал број на масти и шеќер и намирниците кои содржат канцерогени додатоци, кои можат да предизвикаат долгоречна штета на вашиот организам. Постојат т.н. ултраканцерогени намирници кои би требало да ги избегнувате.

Преработено месо

Пушеното месо и месото кое е приготвено по пат на стврднување, пресолување и место кое содржи хемиски конзерванси, се со зголемен ризик од рак на дебело црево. Поголемиот дел од тие врсти на месо се произведуваат со канцерогената состојка натриум нитрит, која се користи пакуваното месо да добие силна црвена боја, за да изгледа свежо. Студија од 2005г., спроведена на Хавасјкиот Универзитет покажува дека преработеното месо го зголемува ризикот од рак на панкреас и до 67%. Виршлите, на пример, се прават од делови на животински органи, парчиња коски и други невкусни делови од животните. Животните од кои се прават овие производи, најверојатно се хранат со жито помешан со хормони, антибиотици, пестициди...

Газирани пијалоци

Овие пијалоци содржат огромна количина на калории, шеќер и состојки кои немаат хранлива вредност. Еден газиран пијалок содржи околу 70 грама шеќер. Според истражувањата, најпопуларнен диетален и „регуларен“ газиран пијалок има исто влијание и врз сјајот на забите, што доведува до зголемување на чувствителноста на забите и појавата на кариес. Истражувањето кое е спроведено во Минесота, покажува дека лицата кои пијат миниму два газирани пијалоци во текот на една недела, двоструко повеќе се подложни на заболување од рак.

Пуканки за во микробранова

Според истражувањата, хемикалиите кои се наоѓаат во внатрешноста на ќесичките, содржат префлуорооктанска киселина, состојка која може да се поврзе со неплодноста кај луѓето. Истражувањата покажуваат дека тие хемикалии предизвикуваат рак на панкреас, тестиси и црн дроб. Додека се готват во микробрановата, хемикалиите навлегуваат во внатрешноста на пуканките. Голем број на произведувачи на ваквите пуканки, ветија дека ќе ја исфрлат оваа состојка до 2015г. 

 

 

 

08.03.2017 - 14:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега