Во Атина синоќа се разговарало за Македонија

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас вчера во Атина со шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати разговарале и за случувањата во Македонија, пишува „Катимерини“.

Грчката државна агенција АНА-МПА, како што пренесе МИА, претходно јави дека главна тема на разговор меѓу двајцата министри биле грчко-албанските односи и создавање комисии кои ќе дискутираат за одделни прашања што ги засегаат двете земји.

„Катимерини“ додава дека „Атина и Тирана со голем интерес следат што се случува во поширокиот регион, особено во Македонија, откако претседателот одби да го даде мандатот на лидерот на второпласираната партија на изборите“.

Весникот објаснува дека „Атина не му придаде особено значење на состанокот, главно затоа што не сака на никаков начин да се вмешува во многу тешката изборна кампања која е во тек во Албанија“.

„Покрај политичката ситуација, напредокот во грчко-албанските односи се соочува со тешкотии и поради многу високите националистички тонови кои ги употреби владата на Еди Рама во изминатите месеци“, заклучува „Катимерини“.

 

 

 

03.03.2017 - 14:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега