Валандово: Полицијата го фати жив - уапсен додека си ја полевал марихуаната


Вчера во 07.00 часот во Валандово, полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Валандово го лишиле од слобода Р.Б.(47) од Валандово.

Тој бил затекнат додека полевал стебла марихуана. Од него биле одземени стеблата и предметите со кои ги полевал.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на случајот против Р.Б. ќе биде поднесена соодветна пријава. 

28.09.2024 - 12:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега