Петрушевски: СДС ги уништи енергетските претпријатија
„СДС ги уништи енергетските претпријатија. И како последица на тоа струјата во нивно време се зголеми за над 50%.
ЕСМ беше оставено во 2017 година со 20 милиони евра на сметка, за во 2024 година, кога ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт го затекне со минус од 80 милиони евра.
7 години власта на СДС не изгради ниту еден нов енергетски објект, а од сметката на буџетот префрлени над 370 милиони евра на ЕСМ“, изјави на денешната прес-конференција пратеникот Бране Петрушевски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
„Очигледно е недомаќинското работење на власта на СДС, која заради бизнис профит на поединци организираше скап увоз на јаглен и на струја.
Милиони евра народни пари се потрошени заради бизнис зделки на малкумина, а сето тоа народот го плати не само од буџетот, туку и преку поскапи сметки за струја.
На криминалното работење во енергетиката се стави крај. Одговорност ќе има. А новото раководство на ЕСМ работи на консолидација на претпријатието“, додаде Петрушевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа