Запознајте го Дино - кучето кое ги смирува вознемирените патници на скопскиот аеродром

 

Скопскиот аеродром објави дека има нов гостин – терапевтско куче, кое ќе ги смирува патниците кои се вознемирени пред да се качат на авион. Станува збор за Дино, куче од расата златен ретривер.

Патувањето може да биде стресно и токму затоа се потрудивме да го направиме вашето патување порелаксирано. Дино ќе биде присутен на излезите и со него ќе имате можност да се забавувате и опуштите пред вашиот лет – велат од Меѓународниот Аеродром Скопје

Дино е златен ретривер кој го одбравме да биде наше SkopjeAirportZenDog, и кое почнувајќи од 22. ноември, ќе биде гостин на Меѓународниот Аеродром Скопје секој месец. Додека чекате да се качите на својот лет, можете да го погалите и да си поиграте со него. Патувањето може да биде стресно и токму затоа се потрудивме да го направиме вашето патување порелаксирано. Дино ќе биде присутен на излезите и со него ќе имате можност да се забавувате и опуштите пред вашиот лет – велат од Меѓународниот Аеродром Скопје.

 

Оваа иницијатива на ТАВ Македонија е со цел создавање пријатна атмосфера на аеродромот и подобрување на искуството на патниците.

24.11.2024 - 11:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега