Работниот статус не е ограничувачки услов:Почнува пријавувањето за субвенциониран студентски оброк

 


Од денеска до 5 мај 2025 е рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2024/2025 година.

Министерството за образование и наука во објавата на повикот за субвенцијата посетува дека се направени измени на Законот за субвенциониран студентски оброк, согласно кои се проширува опсегот на мерката.

-Отсега работниот статус не е ограничувачки услов за студентите, така што правото ќе можат да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од просечната нето минимална плата, но и студентите запишани на постдипломски студии и на интегрирани студии на државните и приватните универзитети во државата, се наведува во објавата на МОН. 

Студентите кои ги исполнуваат условите, а не аплицирале досега, може да поднесат апликација електронски преку порталот: https://e-uslugi.mon.gov.mk.

Во објавениот повик се наведени информации за условите и критериумите за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк, како и контакти за поддршка при аплицирањето.

-Студентите на кои им било прекинато правото на субвенциониран оброк, а сметаат дека ги исполнуваат условите, можат повторно да аплицираат. Овој рок е исто така отворен за студентите кои не аплицирале во претходните активни рокови, информира Министерството за образование и наука. 

01.05.2025 - 14:44

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега