Орбан: Кинески пари не можеме да ви даваме, а европски ќе ви даваме


Кинески заем и кинески пари не можеме да даваме, бидејќи Унгарија со Кина има договор сите пари кои доаѓаат од Кина да одат на конкретни проекти за развој во Унгарија, истакна денеска во Охрид унгарскиот премиер Виктор Орбан.

-Кинески пари не можеме да ви даваме, а европски пари можеме и ќе ви ги даваме, рече Орбан во одговор на новинарското прашање дали парите од унгарскиот заем во висина од 500 милиони евра се кинески или унгарски, на денешната заедничка прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски во Охрид. 

Од аспект на Унгарија, како што кажа, економијата не е најважно прашање меѓу нашите две држави, туку е второстепено. Примарно прашање е националната безбедност и борбата против миграцијата.

-Во Унгарија сите прашања ги решаваме од аспект на безбедноста и имаме поразвиена соработка со земјите кои се побитни за нашата национална безбедност. Северна Македонија не е само пријателска земја на Унгарија, туку и многу важна држава за безбедноста на Унгарија, бидејќи се наоѓате на мигрантската рута. Доколку има потреба, имаме волја да ви помогнеме на сите начини, порача Орбан.

27.09.2024 - 14:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега