СДСМ: Албанија наскоро ќе биде запад за нас

 


Одлуката на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да стават буквално крај на преговорите со ЕУ и да ја дотераат земјата во политички ќорсокак е најголемиот успех на оваа Влада во првите 100 дена, велат од СДСМ. 

„Од земја со јасна перспектива напред, јасен план за развој и раст на секое поле во рамки на ЕУ, Мицкоски реши да ја затвори и изолира уништувајќи ја надежта дека тука ќе се живее подобро. 

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат право ова го да го прават ниту имаат мандат да ги прекинуваат преговорите. Пострашно од се е што Мицкоски нема план, нема стратегија како оваа држава ќе се развива. Мицкоски ја носи државата во огромен ризик од идни нови блокади, ги билатерализира повторно споровите кои беа решени и намерно ја заглавува Македонија подлабоко во балканската кал. 

За жал, Албанија наскоро ќе биде запад за нас. Одвојувањето со Албанија исто така носи огромни ризици и непозната и непредвидлива иднина на джравата. 

Со оваа одлука на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ може само да очекуваме уште повеќе иселување, економска стагнација и целосен застој во целокупниот развој на државата“, стои во соопштението на СДСМ.

28.09.2024 - 11:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега