Започна снимањето на долгометражниот игран филм “Трампи” во режија на Ѓорче Ставрески

 


На 25 септември 2024 година, започна снимањето на долгометражниот игран филм “Трампи” по сценарио и режија на Ѓорче Ставрески, а во продукција на Фрагмент Филм.

Филмот ќе се снима на повеќе локации во Скопје во наредните месеци, во период од 38 дена. Ова е втор долгометражен игран филм на Ставрески, кој по големиот успех на “Исцелител”, снима нова, сосема поинаква, но подеднакво интересна приказна.

Главните улоги во филмот ги играат Сергеј Димовски и Стефанија Начевска. Во останатите улоги се: Александар Микиќ, Игор Ангелов, Петар Мирчевски, Душица Настова, Наум Ѓоргиевски, Ана Димитрова, Григор Јовановски и многу други.

Директор на фотографија на „Трампи“ е Дејан Димески, сценограф е Симо Бранов, костимограф Жаклина Крстевска, шминка и маска Јасмина Лилиќ од Р. Србија, дизајнер на звук Лука Шуто од Р. Чешка. 

Кастинг директор е Билјана Драгиќевиќ Пројковска.

Продуценти на филмот се Ивана Шекуткоска и Ѓорче Ставрески, копродуцент е Алзбета Јаначкова.

Филмот е поддржан од Агенција за филм на Р.С. Македонија и Чешки филмски фонд.


27.09.2024 - 13:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега