ДОМ: Да покажеме разбирање за нашите разлики и мудро да ги надминеме

ДОМ денеска во соопштение апелира до сите граѓани на Република Македонија да покажат разбирање за разликите и тие мудро да бидат надминати.

- Да создадеме услови за нив да разговараме низ институциите, преку демократски дијалог. Моменталната политичка ситуација има голем конфликтен потенцијал, а општеството е длабоко поделено по многу основи, сметаат од ДОМ. 

Според оваа партија, најопасно е тоа што не функционира Парламентот и нема избрана влада по одржаните избори.

- Институциите треба да се конституираат и тогаш сите политички прашања ќе се отвораат во Парламентот, пред очите на целата јавност и нема да бидат привилегија или товар на тесни партиски групи. Само така ќе знаеме кој што предлага, кој што застапува, прифаќа или одбива, се наведува во соопштението. 

ДОМ уште еднаш го повторува својот став за зачувување на Уставот и почитување на Рамковниот договор, кој обезбеди комбиниран модел на унитарна граѓанска држава со вграден мултикултурен образец со кој се спречува мајоризација на било која заедница. 

 

 

 

02.03.2017 - 13:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега