Кичевчани порачаа: Оваа земја треба да им ја дадеме на децата каква што ни ја оставија предците

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ вечерва на платото пред Домот на културата во Кичево одржа мирен протест на кој повика на разум, не на поделби, на развој, а не на стагнација, на отворање, а не затворање.

Во име на граѓаните беше побарано да запрат сите партиски превирања и несогласувања за, какошто беше посочено, да се оствари целта за која сите се залагаме – Македонија да остане унитарна, самостојна, суверена и независна.

– Цениме дека само на таков начин ќе имаме подобар и попросперитетен живот. Се срамиме од сите сценарија кои ги слушнавме изминатиов период и затоа сакаме да им застанеме на пат, ценејќи дека антимакедонската стратегија е стратегија против сите нас кои живејме тука. Ова е земја на сите и ќе биде земја на сите и каква што ни ја оставиле нашите предци така треба да им ја оставиме и на нашите деца, порача организаторите на протестот.

Кичево, нагласија, е град за пример за добар соживот не само во Македонија и Европа, туку и во светот и ги повикаа присутните на мирен и достоинствен начин да маршират низ улиците на градот.

 

 

 

28.02.2017 - 19:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега