Во Македонија ќе се произведува струја од органски отпадоци

Денеска во село Требош, општина Желино, ќе биде поставен камен-темелник на термоелектроцентрала на биогас, иницијатива на компанијата „Електро Шари ДООЕЛ“.

Проектот на компанијата „Везе Шари“  за изградба на централа која како погонско гориво ќе го користи биогасот добиен од органски отпадоци е прв од таков вид во Македонија.

На поставувањето камен-темелник е најавено учество на министрите за економија и за животна средина и просторно планирање, Ваљон Сарачини и Абдилаќим Адеми.

најчитано сега