Рускиот опозициски политичар Навални обвинет за примање пари од странство

Руското обвинителство потврди дека е покрената истрага против опозицискиот политичар Алексеј Навални, откако од своите политички противници беше обвинет дека за својата политичка активност и политичката кампања, прима пари од странство, а руските закони забрануваат странци и странски фондови да даваат парични донации за руски политичари.

37-годишниот опозиционер Алексеј Навални во јули годинава беше осуден на пет години затвор за „проневера“. Казната набргу му беше суспендирана, откако Државната изборна комисија потврди дека тој е регистриран како еден од шестмината кандидати за нов градоначалник на Москва, на локалните избори во септември.

Навални важи за остар критичар на претседателот Владимир Путин и неговата внатрешна и надворешна политика.

 

13:15

најчитано сега