Граѓаните во шок: Бензините поскапеа за 10 денари

По повеќе од 7 денари за еден литар поскапеа горивата на српските бензински пумпи во последниве десетина дена. 
Српските граѓани стравуваат дека во текот на наредните неколку дена може да дојде до нов бран поскапување со што горивата би достигнале цена од над 80 денари по литар.
Во моментов, во Србија литар Дизел се продава за околу 75 денари а безоловниот бензин од 95 октани за околу 71 денар за литар.
Сопствениците на бензинските пумпи во Србија поскапувањето го оправдуваат со растот на цените на светските берзи, но според последните анализи, за две недели, еден барел нафта поскапел за помалку од еден долар. 
За потсетување, Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија во понеделникот ги намали цените на горивата во Македонија и тоа за 1 денар за литар. 
Во моментов, литар ЕУРОСУПЕР 95 се продава за 66 денари за литар што е за 5 денари поевтино отколку во Србија. 
Во Македонија значително поевтин е дизелот. Литар ЕУРОДИЗЕЛ се продава за 52,5 денари што е за околу 23 денари поевтино во однос на Србија.
Нова цена на горивата во Македонија ќе има од утре, а регулаторот новите цени кои ќе почнат да важат од полноќ ќе ги објави денеска

 
 
06.02.2017 - 10:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега