Од утре училишните клупи полни - крај на зимскиот распуст

Околу 270.000 ученици, од кои 188.000 основци и 80.000 средношколци, утре ќе се вратат во училишните клупи за почетокот на второто полугодие од учебната 2016/2017 година.

Зимскиот распуст беше продолжен со два дополнителни наставни дена (18-ти и 20 јануари), по препораката од Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство да се избегне опасноста од ширење на грипот.

Од наредниот понеделник, пак, 30 јануари, ќе почне екстерното тестирање на 18.600 матуранти, кое ќе трае до 3 февруари 2017 година.

 
 
22.01.2017 - 10:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега