Нов снежен бран доаѓа кон Македонија

По снегот и повисоките температури, за време на викендот повторно не чека екстремен студ за време на утрата. 

Од вторник УХМР најавува зголемена облачност со повремени врнежи од снег, а само во крајните југоисточни делови од дожд и снег. Врнежите ќе бидат со слаб, а во западните и јужните делови повремено умерен интензитет, поради што снежната покривка нема значително да се зголеми.

 Во среда под влијание на спуштање на постудена воздушна маса ќе дува умерен северен ветер, кој ќе услови до крајот на работната недела дневните температури  да бидат во опаѓање и ќе се движат од -3 до 3 степени. 

 
 
21.01.2017 - 14:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега