Почеток на ерата на Трамп: Ги отпушти сите амбасадори на Обама

Трамп нареди сите амбасадори во американските претставништва во светот да ги напуштат своите функции веќе денеска. Секако, тука станува збор за официјалните лица кои ги поставил поранешниот претседател Барак Обама, пишува Индепендент.

Неговиот тим уште на 23 декември најави дека тие ќе мора да ги напуштат своите функции.

Инаку, вообичаена е процедурата политички поставените амбасадори да поднесат оставка по доаѓањето на новата администрација, но често се случувало именувањето на нивните наследници да не биде објавено.

Повеќе од 80 амбасадори ширум светот мораа да ги напуштат своите функции, а овој потег може да ги отежне односите на САД со некои земји, посебно оние кои имаат осетливи односи со Америка, наведува Индепендет.

Меѓу тие земји се Германија, Велика Британија, Канада, но и останатите важни сојузници. Исто така, амбасадори ќе бидат сменети во Кина, Јапонија, Индија и Саудиска Арабија.

Процесот на нивна промена би можел да потрае, а досега се најавени само некои од именувањата. Ники Хејлеј ја менува Саманта Пауер на позицијата амбасадор во ОН.

Адвокатот Дејвид Фридмен стана амбасадор во Израел, а досегашниот гувернер на Ајова е именуван за амбасадор во Кина.

Поранешната сопруга на Доналд Трамп, Ивана наводно ја изразила својата желба да биде амбасадор во родната Чешка. Претседателот на таа земја Милош Земан го поддржува ова, кажувајќи дека Америка не може да прати подобар амбасадор во Прага.

Новиот американски претседател така се најде на удар на јавноста веднаш по доаѓањето на функцијата, а освен амбасадорските неименувања, му замеруваат и што не ги објави имињата на политичарите кои ќе имаат функции во Националната безбедност на САД, но и Министерството за одбрана, пренесува ЦДМ.

 
 
21.01.2017 - 13:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега