Нема да верувате колкава ќе биде пензијата на Барак Обама
Откако од вчера Доналд Трамп е официјално новиот претседател на САД и тоа 45. по ред, Барак и Мишел Обама си заминаа од Белата куќа.
Обама веќе одбра куќа во елитен кварт, а вредноста на новата куќа се проценува на 5,3 милиони долари. Први соседи ќе им бидат Хилари и Бил Клинтон и други познати и славни личности.
Куќата има 5.800 квадрати, девет спални и шест тоалети.
Обама има 55 години и влезе во историјата како прв афроамерикански претседател на САД. Уште е млад за пензија, но кога ќе се пензионира ќе зема 205.700 долари годишно. Дополнителни 20.000 долари годишно ќе добива неговата сопруга.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа