Силна порака од Јелена Ѓоковиќ: Животот се менува од денес, за утре

Сопругата на најдобриот српски тенисер Јелена Ѓоковиќ им се обрати на следбениците на социјалните мрежи со една силна порака. 

Еден ден по шокантното елиминирање на Новак Ѓоковиќ од Австралија Опен, Јелена на социјалните мрежи уште еднаш потсетила дека секој ден, колку било тешко, треба да бидеме благодарни. 

- Јас обично сакам својот ден да го започнам и да го завршам со молитва и сметам дека за многу работи треба да бидеме благодарни во животот. Списокот на тие работи е многу долг и тие работи постојано треба да се повторуваат во животот, но една работа која овие денови ја повторував додека престојував во Милано беше: Благодарна сум бидејќи имам топол кревет и топла соба, храна и облека. Има многу бездомници на улиците во Милано за време на овие ладни денови и тоа ме потсети едка животот не е ништо друго освен борба. Многу ретко луѓето не обрнуваат внимание на нив бидејќи се плашат. Научени сме личностите кои се гладни и напуштени да го очекуваме она најлошото од нив. но тоа се стереотипи по мое мислење. Моето искуство сосема е противно. Имав неколку средби со бездомниците и толку многу научив од нив, Како животот се менува од денес за утре, колку тешко е да ја вратиш довербата во друштвото. Јас сум никој додека стојам на улица, а кога ги третирате со почитување тие возвбраќаат на ист начин. Навистина сум благодарна што постојат добротворни организации кои вложуваат напори за да им помогнат, а постојат и многу доброволци кои се од голема корист. За што сте благодарни вие денеска? , стои во пораката на Јелена Ѓоковиќ

 

 

 

 

 

 

 

 

 
 
20.01.2017 - 11:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега