Германскиот парламент го легализираше канабисот за медицинска употреба

Германскиот парламент го легализираше канабисот за медицинска употреба. Ова беше тема на жестока дискусија во земјата во изминатиот период. Согласно одлуката, пациентите ќе можат да набават канабис во аптеките со лекатрски рецепт.

Владиниот претставник кој го предложи законот аргументираше дека за ваквиот чекор пациентите чекаат подолго време. Лекарите консултирани во процесот на дебатата посочиле дека канабисот може да им помогне во опоравувањето на болните од рак кои примаат хемотерапија.

Дополнително, канабисот помага при враќањето на загубениот апетит, справувањето со намалената тежина кај некои од заболените од тумори и канцери, како и при намалување на симптомите на мултиплекс склероза.

Најсилни застапници за легализација на канабисот беа опозициските партии во германија, како зелените и левата партија, кои долго водеа кампања за остварување на оваа цел.

Канабисот со лекарски рецепт е достапен и легален во многу земји како Франција и Канада, и повеќе сојузни американски држави.

Од неодамна канабисот за медицинска употреба е легален и во Македонија.

 

 
 
19.01.2017 - 18:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега