Каква е состојбата на патиштата во Македонија

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови по претежно влажни коловози,наместса со остатоци од снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи.

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Д.Капија – Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината  спрема условите на патот. 

Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ  се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни

За сите подетални информации јавете се на нашиот дежурен телефон 02/ 25 61 502 или посетете ја нашата веб страница  www.makedonijapat.com.mk

 

 

 

 
 
14.01.2017 - 12:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега