Втор снежен бран во источна Македонија - екипите на терен, патиштата чисти

Вториот снежен бран најмногу снег донесе во беровскиот регион. Техничкиот раководител на ЈП „Македонија пат“ - Штип, Кире Коцев вели дека утринава во Малешевискиот регион  имаат нова снежна покривка од 15 сантиметри. Тој забележува дека и покрај снежните врнежи во источна Македонија од утринава се исчистени сите магистрални и регионални патни правци.

-Во моментов немаме никаква забрана за сообраќај, од тие причини може да се каже дека патиштата се проодни во зимски услови. Возачите задолжително да си носат зимска опрема и без неа да не тргнуваат на пат, вели Коцев.

Тој додава дека регионалниот патен правец до планината Плачковица е исчистен, но за локалните патни правци до неколку села , тие не се задолжени за чистење. Жителите на плачковичките села за чистење до нивните села треба да се обратат до општините.

Екипите на ЈП „Македонија пат“ постојано го чистат и патот до ски центарот Пониква

-Тој патен правец е еден од најодржуваните и најчист пат, иако нон стоп врне, но е прооден за сообраќај, рече Коцев.

Регионалната подружница на ЈП Македонија пат-Штип има абразивен материјал и сол, но од утре ќе пристигнат нови количини по пунктовите во источна Македонија. Солта за патиштата се очекува да пристигне деновиве. 

 
 
11.01.2017 - 13:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега