ТРАГЕДИЈА: Студеното време зема нови жртви - татко и син починаа од премрзнување

Двајца мажи од околината на Гаџин Хан, татко и син починаа поради ниските температури кои овој период го погодија целиот регион, јавува РТС.

Починатите се Мирослав и Илија Митиќ од местот Дуга Полјана кај Гаџин Хан.

Случајот во полиција го пријавил човекот од соседното село кој носел леб. Таткото и синот живееле со социјална помош.

Нема елементи за извршено кривично дело.

Припадниците на полицијата и обвинителството се на терен и во тек е увид.

 
 
10.01.2017 - 13:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега