Дури утре ќе видиме што е студ - подгответе се
Продолжува променливото облачно и многу студено време со засилен северен ветер и температура која утре наутро ќе се спушти до минус 22 степени.
Според УХМР во Берово и Маврово ќе биде најстудено со минус 22, Демирк Капија минус 21, Битола минус 20, Прилеп минус 19, Тетово минус 18, Скопје минус 17, Штип и Струмица минус 16, Охрид минус 15 и Гевгелија минус 11.
Темепратурите и во текот на денот ќе останат ниски под нулата и ќе се движат од минус 12 во Берово и Битола, минус седум во Скопје до минус пет во Гевгелија.
Студени утра ќе имаме до петок наредната недела кои ќе се движат од минус 19 до минус 7 во понеделник, минус 17 до минус 6 во вторник, минус 16 до минус 7 среда, минус 15 до минус пет четврток и минус 12 до минус 4 во петок.
Дневните температури во понеделник и вторник ќе бидат под нулата, а од среда ќе имаат пораст и во петок ќе стасаат до осум степени.
Времето денеска ќе биде променливо облачно и многу студено со засилен северен ветер. На места ќе провејува слаб снег. Темепратурата ќе се движи од минус 13 до минус шест степени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа