САД најавија нов пакет воена помош за Украина

Владата на Соединетите Американски Држави најави голем нов пакет одбранбена помош за Украина, кој ќе вклучува ракети за системи ХИМАРС, противвоздушни пресретнувачи, артилериски гранати и друго оружје, соопшти денеска портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер.

„Американската администрација најавува доделување на нов значаен пакет помош за Украина во областа на безбедноста. САД продолжуваат да ја поддржуваат одбраната на Украина од инвазијата на Руската Федерација“, рече таа на брифинг со новинарите, пренесува Укринформ.

Портпаролката на Белата куќа не ја прецизираше вкупната вредност на новата транша помош, но нагласи дека тоа е седмиот пакет што САД го доделуваат откако американскиот претседател Џозеф Бајден го потпиша законот со дополнителни средства за потребите на националната безбедност во април.„Американската администрација најавува доделување на нов значаен пакет помош за Украина во областа на безбедноста. САД продолжуваат да ја поддржуваат одбраната на Украина од инвазијата на Руската Федерација“, рече таа на брифинг со новинарите, пренесува Укринформ.

 

03.07.2024 - 23:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега