Белина во Македонија: 25 сантиметри снег во Крива Паланка

 

Висината на снежната покривка во Крива Паланка изнесува 25 сантиметри, а на повисоките места се движи од 35 до 40 сантиметри.

Од Подрачна единица на Дирекцијата за заштита и спасување (ПЕДЗС) Крива Планка информират дека е прооден патот кон граничниот премин Деве Баир, но сообраќајот се одвива во отежнати зимски услови, а забраната за тешки товарни возила се уште е на сила.

 

- Во отежнати зимски услови со теренски возила се сообраќа до село Огут, каде патот е прочистен од екипите на ЈП Македониај пат, исто така и до селата Луке и Трново можат да пристапат само теренски возила, додека село Дренак е отсечено, информира Зоки Павловски, раководител на ПЕДЗС, Крива Паланка.

 

Тој нагласи дека ДЗС останува во постојана координација со општинскиот кризен штаб.

 

Од Јавно претпријатие Комуналец, задолжено за зимско одржување, информираа дека речиси сите локални патни правци се проодни, само некои во повисоките зони од градот се потешко проодни.

- Главната улица е чиста, пристапите до итните служби исто така. Околу 30 метри кубни ризла и 5 тони сол се фрлени на улиците, а механизацијата постојано е на терен. Екипите дежураа во текот на ноќта, но и сега работат на терен, изјави Дејан Митровски, одговорен за зимско одржување во ЈП Комуналец.

 
 
06.01.2017 - 12:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега