Куманово и утрово најзагаден град во Европа - СДСМ без мерки 26 години

Утрово Куманово повторно беше најзагадениот град во Македонија и во Европа.

Во 04.00 часот Кумановци дишеа 285 mg/ m3, што е дури 6 пати, односно 600 проценти повеќе загадување од максимално дозволеното.

Инаку, се работи за најголемата општина во Македонија, со 110.000 жители кои се принудени да се уништува нивното здравје поради политиките на градоначалникот Зоран Дамјановски, поранешниот секретар на општина Куманово Оливер Спасовски и неговиот партиски шеф Зоран Заев.

СДСМ има апсолутна власт во Куманово во сите овие 26 години. Од гасификацијата нема ништо, затоа што се гледа дека Куманово е најзагадениот град во Европа.

Кумановци се гушат, Заев одмара во Грција, дебело платените еколози на Сорос никаде ги нема, а локалната власт на СДСМ не презема нисто.

 
 
05.01.2017 - 09:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега