Се запали стан во Скопје - почина жена
Драма во Скопје во еден по полноќ, жена изгоре во пожр во својот стан. Од полицијата денеска информираат дека во 1 часот и 20 минути било пријавено дека на улицата „Н.Тримпаре“ во Скопје каде бил опожарен стан, починала 82-годишната С.Г.
За жал, несреќната жена починала на лице место и и немало спас, информираат од полицијата.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт од задушување од чад, а пожарот бил предизивикан најверојатно од електрична греалка.
Со согласност на Јавен обвинител, телото на починатата било предадено на семејството за погреб.
21.12.2016 - 13:04
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа