Илјадници граѓани повторно се пред зградата на ДИК – ваква е ситуацијата во моментов

Со зурли и тапани се бранат изборните резултати пред ДИК. Ситуацијата е мирна, граѓаните протестираат достоинствено. Од сите страни на градот постепено пристигнуваат нови и нови граѓани пред Државната изборна комисија. Иако температурата е веќе длабоко под нулата граѓаните не престануваат да доаѓаат, ако вчера беше полна само улицата пред ДИК, денес е полн и паркот од спротива и целата околина околу ДИК.

Граѓаните се собираат и велат дека нема да дозволат никој да им ја украде изборната победа, исто така велат дека овде не се работи за партии туку дека се работи за Македонија и дека доколку им се дозволи на некои политички структури на ваков начин да ги менуваат изборните резултати, тогаш се става под знак прашање зошто граѓаните и воопшто гласаат на избори ако може на како што велат граѓаните од таму, на „зелена маса“ да се менуваат одлуките и нивните ставови.

Ситуацијата е мирна, од време на време граѓаните држат свои говори, различни политичари актери и музичари.

Се очекува дека и денес граѓаните ќе бидат таму, се додека членовите на ДИК се во зградата, местото е под силно полициско обезбедување. Меѓутоа граѓаните велат дека овие протести не можат ни да се споредат со оние кои беа летото бидејќи сега апсолутно нема никакви нарушувања на јавниот ред и мир, и единствен непријател на полициските службеници вечерва се ниските температури.

 
 
16.12.2016 - 20:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега