Автомобил се заби во камион - страшна несреќа на патот Прилеп-Битола

Во текот на вчерашниот ден во 17 часот на магистралниот пат Прилеп-Битола се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „Цитроен Берлинго“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 30-годишниот М.Ч. од селото Канатларци, прилепско  и камион „Форд Транзит“ со струмички регистарски ознаки, управуван од 38-годишниот С.И. од Битола.

Во незгодата возачот на автомобилот се здобил со тешки телесни повреди и истиот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата во Прилеп, каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на полицијата во Битола.  

 
 
18.11.2016 - 14:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега