Маж од Битола доживеа вистински хорор на „Партизанска“

Вчера во 10:10 часот во Секторот за внатрешни работи во Битола, А.Ќ. (26) од Битола пријавил дека истиот ден околу 04:30 часот на улица „Партизанска“ му било извршено разбојништво од страна на две непознати лица.

Сторителите му се доближиле од позади грб, по што едно од лицата го удрило со тврд предмет во пределот на главата и тој паднал на земја.

Кога се обидел да стане, повторно бил удрен во пределот на лицето. Додека лежел на земја сторителите извршиле пребарување во џеповите од каде му одзеле 15.000 денари, по што побегнале од местото.

 

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот. 

 
 
18.11.2016 - 14:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега