Вработен во обезбедувањето на Воената болница го поттикнал дивеењето

Внукот на починатиот 46-годишен Енвер И. поради кој се направи хаос во Воената болница, бил вработен во обезбедувањето на ГОБ Осми Септември. Како што пренесува Алсат, тој бил иницијатор за дивеењето, кршењето и демолирањето завчера.

Директорот на болницата потврдува дека откако тој дознал дека не успеала реанимацијата, ја скршил вратата. Останатите десетина лица тогаш почнале да дивеат. Дел од ив влегле во собата за реанимација и искршиле се.

Потоа, братот на починатиот влегол во болницата откако телото било однесено дома, за да не му се изврши обдукција, и се извинил за инцидентот.

Вчера и денеска, работата нормално тече во Воената болница.

 

 
 
06.11.2016 - 10:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега