ФОТО: Најубавата Југословенка на сите времиња – животот и почнал како бајка, но се претворил во трагедија

Никица Мариновиќ од Дубровник, важи за една од најубавите, ако не и најубавата жена од некогашна Југославија. Таа во далечната 1966 година победила на натпреварот за МИС на Југолсавија и ја преставувала државата на светскиот избор за МИС во Лондон, каде го освоила второто место. Медиумите на големо пишувале дека не ја освоила првата наградара, која и пропаднала на Индијката, само затоа што доашала од држава од источна Европа.

По успехот таа веднаш се преселила во Белград, каде одбила да работи како актерка, но се појавувала на сите насловни страни на тукашните магазини. За нејзината убавина се раскажувале приказни, а срцето у го дала на белградскиот уредник и книжевник, Вук Вучо со кого имала син, Џорџ. Сепак бракот траел само 5 години, по што Никица и втор пат стапила во брачните води со режисерот Здравко Шорта, со кого имала уште еден син, Марко. Но и таа приказна завршила во 1980 година.

nikica-profimedia-0024248063_1000x0
Подоцна водела бутик на Кнез Михајлова, каде луѓето доаѓале за да ја видат нејсината убавина. Но, живото и тргнал во надолна линија, па потполно се повлекла од јавноста и се борела со депресија, посетувајќи психијатриски институции. Не конактирла со никого, па ни со своите пријатели.

nikica-profimedia-0024247420_1000x0

Во 2008 година, во Ноември повторно се појавила на насловните страни на магазините и во весниците, но овој пат за најлошата можна причина. Некогашната убавица, испила смртоносна доза на апчиња за спиење и без опроштално писмо или било каква порака го напуштила овој свет на 61 година.

 
 
25.10.2016 - 12:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега