СИТЕЛ: ДИК и ОБСЕ потпишаа протокол за соработка за изборите на 11 декември 2016

Изборната администрација ќе се обучува преку  видео-прирачник и онлајн тестови. Државната изборна комисија и мисијата на ОБСЕ во Скопје потпишаа меморандум за соработка со цел  спроведување на заеднички активности во 2016 и 2017 година кои ќе придонесат за понатамошно подобрување на изборниот процес и подобрување на оперативните капацитети на ДИК. Според претседателот на комисијата Александар Чичаковски, едукацијата на изборните одбори во овој период е од особена важноста, бидејќи од нивните професионални стандарди ќе зависи и кредибилноста на претстојните предвремени парламентарни избори.

Заедничката цел е преку интензивна и добро структурирана едукација на изборната администрација да се зголемат знаењата, вештините и професионалните стандарди на изборната администрација при спроведување на изборите и на тој начин да се адресиира дел од претходно идентификуваните проблеми на ДИК, меѓутоа на тој начин би ги адресирале и дел од препораките нотирани во извештаите за набљудување на претходните избори, истакна Чичаковски изразувајќи благодарност за помошта и соработката на ОБСЕ за претстојните избори.

Во следниот период мисијата на ОБСЕ ќе и помогне на Државната изборна комисија и за пререгистрација на останатите граѓани во Избиракиот список.

 
 
12.10.2016 - 17:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега