Реакција на Министерството за финансии на дописот од АВМУ

Денешната реакција на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги до Министерството за финансии како и соопштението до медиумите е да се пласираат информации без содржина со цел креирање лажна перцепција дека некој некаде нешто опструира, се истакнува во соопштението на Министерството за финансии по повод реакцијата на АВМУ.

- Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги е добро запознаена со постапката за исплата на средства за финансирање на Агенцијата за време на изборниот процес, според која Владата најпрвин треба да донесе одлука - процедура, која веќе е во тек, врз основа на која Министерство за финансии врши исплата на средствата, стои во соопштението.

 
 
12.10.2016 - 16:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега