Тешка сообраќајна несреќа во Гостивар - маж се бори за живот на скопските клиники

Вчера околу 07,40 часот на локалниот пат за село Балин дол-Гостивар, случена е сообраќајна незгода во која 37-годишниот О.Е.  од село Дуф, управувајќи моторцикл „Сузуки“ удрил во дрво, при што се здобил со тешки телесни повреди-фрактура на долни екстремитети и череп. По незгодата бил пренесен во медицинскиот центар -Гостивар, од каде поради сериозноста на повредите во неконтактибилна состојба бил пренесен во Ургентниот центар -Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од полициската станица Гостивар и се работи на целосно расчистување на случајот.

 
 
01.10.2016 - 14:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега