ВИДЕО: Рафаел Надал го прекина мечот за мајка да си го најде загубеното дете

Вистинска драма се одвиваше на тениската егзибиција на Мајорка во текот на мечот меѓу Рафаел Надал и Џон Мекинро кога спектаклот накратко беше прекинат.

Испаничената мајка, која на момент ја испуштила од вид ќерката испаничено по трибините го барала девојчето.

Заедното со мајката во потрагата се вклучи и многубројната публика и девојчето е најден на 200 метри од местото каде со мајка си дошла да ја гледа тениската егзибиција.

Следуваше силна прегратка која кај целата публика на стадионот предизвика бура од емоции, па никој не можеше да ги скрие солзите.

 
 
29.09.2016 - 13:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега