Фатен на дело: Приведен крадец при обид да изврши тешка кражба

Вчера во 23.50 часот полициски службеници од СВР Тетово во тетовски Порој го привеле А.К.(38) од истото село, кој бил затекнат при обид да изврши кривично дело тешка кражба, информира МВР.

Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

04.07.2024 - 11:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега