ВИДЕО: Тајфунот Меги навлезе во источна Кина, во Тајван четири лица загинаа

Тајфунот Меги влезе во источна Кина, откако вчера направи големи штети во Тајван, при што починаа четири лица и повредени се 260 луѓе, јави БТА. 

Меги ослабна до тропска бура, кога стигна до крајбрежниот град Чангџоу во провинцијата Фуцзјан, придружен со ветрови со брзина до 118 километри на час, соопшти кинескиот метеоролошки центар. 

Засега нема податоци за жртви и повредени лица во Кина. 

Во Тајван тајфунот донесе поројни дождови и силни ветрови со брзина од 162 километри на час. 

Властите го зголемија степенот на тревога поради опасност од свлечишта и поплави.

 
 
28.09.2016 - 09:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега