Хорор: Со нож забиен во вратот тропнал на вратата кај соседот

Државното правобранителство од Осјек се сомнева дека 39-годишна жена во заедничкиот стан, со кујнски нож два пати го прободела својот сопруг во врат, нанесувајќи му тешки и опасни повреди.
 
Неговиот живот е спасен поради брзата медицинска интервенција, пишува „Гласот на Славонија“.
 
Според неофицијални информации, човекот во болница бил донесен со амбулантно возило во придружба на полиција, а во вратот имал забиен нож.
 
Сопругата ја уапсиле, а судијата и одредил еден месец притвор, поради опасност да го повтори делото.
 
Најверојатно жената го нападнала сопругот додека спиел. Веднаш потоа, тој станал и со нож во вратот ѕвонел кај соседите за да повикаат Брза помош.
 
 
27.09.2016 - 15:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега