На жена инвалид никој не сакал да и стане за да седна: Таа направи оваа себичност никогаш да не ја заборават (ФОТО)

43 годишната Кет Ли е инвалид, а и покрај тоа што е болна и не може да води нормален живот, двајца мажи во возот кој вози од Лондон до Скриптон и го заземале местото кое го резервирала и притоа одбивале да станат.

Двајцата мажи одбивале да станат и ја игнорирале Кет, а таа се одлучи да ги посрамоти на социјалните мрежи.

„Запознајте ги овие „господа“. Тие го заземаа местото кое јас и Рејч го резервиравме. Со оглед на тоа што сум инвалид, убаво им објаснив зошто тоа место ми е неопходно. Меѓутоа, не рагираа. Сигурна сум дека нивните жени и мајки се горди на нив.“, напиша Кет покрај фотографијата.

Од компанијата „Virgin Trains“, каде се возела Кет, напоменуваат дека доколку патник не може да дојде до место кое го резервирал, обезбедувањето мора да направи се што е во нивна моќ да го трнат патникот кој седнал таму. Меѓутоа, тие не можат овие патници така едноставно да ги исфрлат, но мораат на оние кои резервирале да им пронајдат замена.

Кет претрпела оштетување на нервите и неверојатна болка поради која отишла на операција и станала инвалид и е прогласена за неспособна за работа.

 
 
22.09.2016 - 22:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа