СИТЕЛ: Партиите со реакции за буџетот за 2017 година

Развоен буџет , со најмногу пари за капитални инвестиции. Предлог буџетот за наредната година, вреден 3,3 милијарди евра стигна во Собранието, откако доцна синоќа Владата го усвои. Се темели на раст на економијата од 3%,, поддржан од зголемениот извоз од 6% , и  раст од увозот од 4,7 отсто. Бруто инвестициите се очекува да се зголемат за 4,5%, вработеноста ќе расте,  пораст ќе бележи и јавната потрошувачка и платите .   Инфлацијата се очекува да остане на ниско ниво од 1%, а дефициот  3%. Вкупните приходи во предлог буџетот се проктирани на 3 милијарди евра, додека расходите на 3,3 милијарди. Од нив,  Владата издвои  438 милиони евра за капитални инвестиции, кои се зголемени за 20% во споредба со буџетот за оваа година. Предвидени се значајни вложувања во патната инфстратукура, железничката, енергетиката и комунална инфаструктура, но и инвестиции во здравствениот, образовниот и социјалнион систем, земјоделството, културата, спортот, заштита на животаната средина, изјави министерот за финансии Миноски,

-Во текот на 2017 година планирано е капитални расходи за патната и железничка инфраструктура во износ од 4,43 милијарди денари. Во овие рамки предвидена е реализација на Проектот за изградба на автопатот на Коридор 10, на делницата Демир Капија – Смоквица, со кој се предвидува во 2017  година да се заврши изградбата на нова модерна автопатска делница со што ќе се комплетира главната делница на Коридор 10. За модернизирање на постојната железничката инфраструктура ќе продолжи реконструкцијата на железничката пруга на Коридор 10. Во текот на 2017 година предвидени се средства за продолжување на реализацијата на првата и втората фаза од проектот за изградба и рехабилитација на источниот дел од железничката пруга Коридор 8-делницата Куманово – Бељаковце – Крива Паланка, финансирана од ЕБОР, потенцира министерот.

За СДСМ пак, вака скроениот буџет е надвор од економска логика,  од работењето на компаниите и економско социјалната состиојба во државата . Не се согласуваат со приходната страна , з акоја велат дека е напумпана.

Гувернерот Богов пак, вели дека  врз опсноава на прокециите за економски раст од 3%, Народната банка ќе ја прилагоди монетраната политика, за да се зачува стабилноста  на денарот  и стабилноста  на банкарскиот сектор.

 
 
20.09.2016 - 17:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега