Иванов на генералната дебата на 71. Генерално Собрание на Обединетите Нации

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска во Њујорк ќе присуствува на отворањето на генералната дебата на 71. Генерално Собрание на Обединетите Нации, што се одржува од денеска до 26 септември на тема „Одржливи развојни цели: универзален притисок за трансформирање на нашиот свет“.

 Меѓу говорниците на отворањето на генералната дебата на 71. Генерално Собрание на Обединетите Нации се Генералниот секретар на ОН, г. Бан Ки-мун, претседателот на Соединетите Американски држави,  Барак Обама, францускиот претседател, Франсоа Оланд, турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, британскиот премиер, Тереза Меј, канадскиот премиер Џастин Трудо.

 Предвидено е претседателот Иванов да се обрати на Генералното Собрание на Обединетите Нации во четврток, 22 септември.

 Македонскиот претседател денеска ќе присуствува и на приемот, што за шефовите на држави и влади учесници на 71. сесија на Генералното Собрание на ОН го приредува Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун.

 Предвидено е претседателот Иванов да оствари и билатерални средби со претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда, со Кралот на Јордан, Н.В. Абдула II и со претседателот на Арапска Република Египет Абдел Фатах Ал Сиси.

 Доцна вечерва по македонско време претседателот Иванов ќе присуствува на приемот што за учесниците на 71. Генерално Собрание на ОН ќе го приреди американскиот претседател Барак Обама.

 

Претходно, претседателот Иванов се обрати на состанокот на високо ниво на Генералното собрание на Обединетите нации за големи движења на бегалци и мигранти, а оствари средби со претседателот на Европскиот совет, г. Доналд Туск и со премиерот на Кралството Норвешка, г-ѓа Ерна Солберг.

 

 
 
20.09.2016 - 13:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега