СИТЕЛ: Почна академската година на државните универзитети

Изборот го направивте, но за да ја дефинирате вашата утрешнина, работете вредно, соработувајте со вашите професори и посветете им се максимално на студиите зашто само така ќе успеете. Со вас ќе се гордеат и вашите родители, и ние рече новиот ректор на УКИМ Никола Јанкуловски кој присуствуваше на првиот академски час на студентите од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство-ФИНКИ.

Тој потенцираше дека УКИМ е познат и признат во светски рамки, и е најдобро рангиран универзтитет во Македонија. Дипломите од овој универзитет се препознаваат на меѓународниот пазар на трудот.

Атрактивноста на ФИНКИ според него се гледа со рекордните 700 пријависамо во првиот уписен рок. ФИНКИ според Чорбев е факултет со кој по завршувањето на студирање најлесно се наоѓа работа

УКИМ е формиран во 1949  година со 3 факултети за денес да претставува заедница од 23 факултети. УКИМ вклучува 463 акредитирани студиски програми во сите научни области. Досега дипломирале 150 илјади студенти, 10 илјади магистри и 4 илјади доктори на науки.

 
 
15.09.2016 - 18:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега