Какво време не очекува утре?

Времето утре во Македонија ќе биде претежно сончево со слаб ветер од југозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од седум до 16, а дневната од 26 до 32 степени.

Во Скопје  сончево и топло.  Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе се искачи до 30 степени.

Во сабота попладне и во недела  ќе биде нестабилно со локален развој на конвективна облачност проследена со пороен дожд и грмежи. Повеќе услови за нестабилност ќе има во западните и југоисточните делови од земјава.

Позначителна промена на времето ќе има во понеделник кога ќе преовладува облачно и свежо време со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат обилни. Температурата значително ќе опадне, а на места ќе биде и за десетина степени пониска во однос на претходните денови. 

 
 
15.09.2016 - 17:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега