Пукање во куќа во кумановско

Во 8 часот и 35 минути во Куманово 45-годишниот Т.З. од селото Романовце, кумановско, пријавил дека  31-годишниот Ќ.З. од истото село, во дворно место од негова куќа испукал еден куршум во воздух од пиштол. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од полицијата, при што е констатирано дека околу 08 часот и 30 минути,  Ќ.З. со одобрение на неговиот татко, зел пиштол марка „Црвена Застава“ калибар 7,62 мм, излегол во дворот од неговата семејната куќа и испукал еден куршум во воздух, со што го вознемирил неговиот роднина Т.З. кој бил во непосредна близина.

На местото била пронајдена и подигната една чаура од испукан куршум и истата ќе биде предмет за понатамошно постапување. Против сторителот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

 
 
13.09.2016 - 12:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега