Крвава драма во Сингелиќ: Пукале за парче месо

Во текот на вчерашниот ден во 18 часот и 10 минути од болница било пријавено дека во 17 часот и 15 минути во скопското село Сингелиќ, погодено од поплавите, настанала расправија, а потоа и тепачка помеѓу две семејства. По извршениот разговор со членовите од едното семејство утврдено е дека расправијата започнала околу поделба на месо од комбе кое било паркирано кај џамијата. Во еден момент членови од другото семејство извадиле огнено оружје и почнале да пукаат кон нив, по што избегале. На местото на настанот била пронајдена чаура непознат калибар. Подоцна на улицата „Христофер Жефаровиќ“ во дворното место  биле пронајдени две лица од семејството кои биле посочени како напаѓачи, кои биле со телесни повреди. На местото на настанот била испратена Итна медицинска помош. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

 
 
13.09.2016 - 12:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега