Моторџиите се збогуваат со Коста кој беше пронајден мртов кај Демир Капија

Моторџиите со голема тага се збогуваат со прерано загубениот пријател за кој Македонија се крена на нозе. Се работи за 25-годишниот К.Ц. од Кавадарци кој беше пријавен за исчезнат, а за жал утрово е пронајден мртов кај Демир Капија. Момчето беше пронајдено утринава во 5 часот и 40 минути кај на патниот правец Демир Капија – Неготино, во близина на местото Прждевски споменик. 

- За жал по 11 часовна потрага Коста беше пронајден на потегот од Демир Капија кон Неготино во безживотна состојба. Бог да го прости, нека почива во мир, се простија неговите пријатели моторџии со голема тага на социјалните мрежи.

На социјалните мрежи вчера се споделуваше информацијата за неговото исчезнување. Според пишувањата, тој последен пат бил виден на собир со мотори, од каде што заминал со мотор „хонда“, по што му се губи трагата.

Огромна трагедија. Нека почива во мир.

 
 
22.08.2016 - 11:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега