Штипскиот универзитет прими над 1.000 пријави за уписи на некој од факултетите и академиите

Почнаа уписите на 13. факултети и трите академии на универзитетот „Гоце Делчев“-Штип. Проректорот за инвестиции и развој на УГД-Штип, Кирил Барбареев истакна дека над 1.000 кандидати се пријавени само во рамките на првиот ден.

– Имајќи предвид дека уписите ќе се одвиваат цела недела во овие први три до четири часа бројките се охрабрувачки за Универзитетот „Гоце Делчев“. Некаде околу 600 пријавени кандидати имаме само со физички пријави и околу 400 на електронската платформа. Тоа значи дека во првите три до четири часа имаме околу 1.000 кандидати, изјави Барбареев.

Тој додаде дека најголем интерес од страна на идните студенти има за Факултетот за медицински науки, а потоа следат студиските програми на Природно-технчиките факултети.

– Повеќе од 230 студенти аплицирале само за студиските програми за Факултетот за медицински науки. Интересот е голем и за Природно-техничкиот факултет, а на Филолошкиот факултет има повеќе од 40 кандидати. Охрабрувачки е тоа што веќе има и најавено и странски студенти. Значи неколку студенти од Турција, еден студент од Србија, еден студент од Хрватска, еден владин стипендист од Гана и еден студент од Германија, рече Брабареев.

Тој истакна дека и во наредните денови очекуваат да имаат гужва на пунктовите на факултетите и на академиите во зградата на стариот Ректорат, која се наоѓа веднаш до Домот за култура „Ацо Шопов“..

Идните студенти кои доставиле пријави до некој од факултетите на УГД-Штип можат и електронски да ги следат прелиминарните резултати од уписите.

 
 
15.08.2016 - 16:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега